четврток, 22 мај 2025

Британски авион на соларен погон го сруши светскиот рекорд за најдолг лет

Авион на соларен погон произведен во Велика Британија постави нов светски рекорд за најдолг континуиран лет, поминувајќи 67 дена во стратосферата – соборувајќи го рекордот што траеше повеќе од 50 години.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Беспилотното летало Алто Зефир леташе повеќе од два месеци од Кенија до Австралија, пред да се спушти во Индискиот Океан.

Летот го собори рекордот што траеше повеќе од 50 години за најдолг лет со авион. Тој го подобри рекордот поставен во 1959 година кога американските пилоти Роберт Тим и Џон Кук летаа со Цесна Скајхок непрекинато 64 дена и 22 часа во Невада.

Зефир има распон на крилјата од 24 метри, но тежи само 75 килограми. Соларните панели на неговите крила, кои се тенки како фолија, му овозможуваат на авионот да лета непрекинато, полнејќи ги батериите во текот на денот.

Авионот може да понуди можности за набљудување на Земјата и извидување, а може да обезбеди и 4Г и 5Г комуникација, делувајќи како подвижен јарбол на небото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ