среда, 23 јули 2025

Британија лансираше монети во чест на бендот Ајрон Мејден

Британската кралска ковачница издаде комеморативни монети по повод 50-годишнината од постоењето на групата Ајрон Мејден.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Легендарната хеви метал група на тој начин им се придружува на голем број изведувачи кои се дел од серијата „Музички легенди“ на Кралската ковачница – во која претходно беа вклучени монети во чест на Квин, како и на Елтон Џон и Дејвид Боуви.

Новите монети се дизајнирани од уметникот на Ајрон Мејден, Алберт „Акирант“ Кирантес. На нив е прикажана маскотата на бендот, Еди, во динамична поза, додека „скриени“ референци што истакнуваат различни албуми и турнеи се вметнати во пакувањето и производството на монетите.

Ајрон Мејден издадоа 17 студиски албуми во текот на нивната кариера и стекнаа лојална база на обожаватели низ целиот свет.

„Ликот на Еди на официјалната британска монета е продолжение на неговата неверојатна одисеја откако го создадовме во 1980 година“, изјави менаџерот на бендот, Род Смолвуд.

„Веќе бевме на поштенски марки, шишиња од пиво, опашки од авион, а сега сме законско средство за плаќање. Деталите што Акиран ги вметна во дизајнот се исклучителни – има алузии на речиси секое поглавје од нашето патување како бенд. Почестени сме што Кралската ковачница на монети одлучи да одбележи 50 години од Ајрон Мејден на таков уникатен начин.“

Монетите се достапни од денеска во Кралската ковачница, во златна и сребрена верзија, како и во варијанти кои не се наменети за оптек.

Цените почнуваат од 18,50 фунти за монета од 5 фунти, додека златната монета „Ајрон Мејден“ од 200 фунти се продава за 6.940 фунти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ