четврток, 5 јуни 2025

Брат и сестра близнаци го прославија својот стоти роденден во мало гратче во близина на Фиренца (ФОТО)

Брат и сестра близнаци во мало гратче во близина на Фиренца оваа недела го прославија својот стоти роденден со голема прослава организирана од нивните роднини и пријатели, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Паола и Паоло Анцидеи се родени на 26 мај 1925 година, а за да го одбележат својот јубилеен роденден, околу четириесет роднини и пријатели се собраа во Банџо а Риполи, пренесе Анса.

Прославата се одржа во селото Патерно, во куќата каде што живее Паоло со помош на негувател.

Неговата сестра Паола живее во дом за стари лица во градот Фиезоле, заедно со својот 98-годишен сопруг.

„Оние кои го познаваат цел живот навистина не сакаа да ја пропуштат оваа можност. Тој е омилен меѓу сите“, изјави братучетката на Паоло, Соња.

Братот и сестрата близнаци биле возбудени кога се сретнале по една година, иако во меѓувреме разговарале по телефон.

Паоло работел како продавач на облека и постелнина, додека неговата сестра била вработена во локална перална.

За време на Втората светска војна, Паоло имал турбулентни искуства, а откако бил заробен од Германците во септември 1943 година, бил одведен во Касино на принудна работа каде учествувал во изградбата на бункери долж „Хитлеровата линија“, но успеал да избега.

По многу денови пешачење, тој стигнал до Фиренца.

На прославата на роденденот присуствуваа и локалните власти, градоначалникот Франческо Пињоти и советничката Сандра Барали, кои на близнаците им поклонија плакета со натпис „за прекрасната цел што ја постигнавте“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ