„Дали некогаш си гледал филм и си помислил „Многу сакам да работам со овој тип“?“, го праша Стерн, а Мари одговори: „Пред многу години ги гледав тогашните филмови на Клинт Иствуд, како Калибар 20 за специјалистот или кои филмови и да излегуваа тогаш, и помислив: „Неговиот помошник во секој филм умира, а тој го одмаздува, но тој помошник има одлична улога и сцена на умирање. И знаев дека морам да му се јавам“, пренесува Холивуд рипортер.
Мари сподели дека му се јавил на Иствуд, кој веднаш му понудил соработка.
„И така му се јавив, од нигде никаде, а тој ме праша: „Би сакаш ли да работиш уште една воена комедија?“ Бидејќи тукушто го снимив Чинови (Stripes), а тој имаше одлична идеја за голем филм за морнарицата. И кога ме праша „Би работел ли повторно воена комедија?“, помислив, зар ќе станам како Абот и Костело? Морам ли постојано да снимам воени филмови? И му кажав „Па можеби не би требало““.
Како што претпоставува Дедлајн, најверојатно станува збор за филмот Војничиште од 1986 година кој го режираше и во кој глумеше Клинт Иствуд како маринецот Том Хајвеј.
„Тоа е едно од нештата за кои жалам – што не прифатив да глумам во тој филм. Беше тоа голема продукција и веројатно ќе добиев одлична, всушност не знам дали ќе имав добра сцена на умирање бидејќи тоа повеќе беше комедија, но сепак е одличен филм. Иствуд имаше пристап до бродови од Втората светска војна и можеше да направи цела флота, навистина имаше супер работи во тоа“, откри комичарот во разговорот со Стерн.
И многу години подоцна, секогаш кога ќе го сретне Клинт Иствуд, му се извинува што го одбил. „Кога ќе го видам, секогаш му кажувам: „Жал ми е, посакувам да го направев тоа, Клинт, навистина ми е жал“. Тој, нормално, одамна го преболел тоа. Тој е прилично отпорен тип“, заклучи Мари.