среда, 10 декември 2025

Бебиња во Велика Британија родени без генетски заболувања, користен генетски материјал од три лица

Лекарите во Центарот за плодност во Њукасл објавија дека во Велика Британија се родени осум бебиња благодарение на употребата на генетски материјал од три лица за да се спречи развој на сериозни и често фатални болести, пренесува Би-би-си.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Методот, првпат користен од научници во Велика Британија, ги комбинира гаметите (полови клетки) на родителите и дополнителна јајце клетка од жена донор.

Оваа техника е легална речиси една деценија, но сега е добиен првиот доказ за успех со раѓање на деца без неизлечива митохондријална болест.

Оваа болест се пренесува од мајка на дете, што го изгладнува телото од енергија, доведува до сериозни болести и бебињата умираат неколку дена по раѓањето, наведува Би-би-си.

Децата родени преку оваа техника на генетски материјал од три лица наследуваат поголем дел од својата ДНК – нивниот генетски отпечаток – од своите родители, додека најмалиот дел, околу 0,1 процент, доаѓа од другата жена.

Тоа е промена што се пренесува низ генерациите.

Ниту едно од семејствата кои поминале низ процесот не сака јавно да зборува за да ја заштити својата приватност, но тие објавија заедничка анонимна изјава преку Центарот за плодност во Њукасл, каде што беа спроведени процедурите.

„По години неизвесност, овој третман ни даде надеж, потоа ни даде и бебе“, изјави мајка на новородено девојче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ