понеделник, 8 декември 2025

Баскерфест во Кисела Вода

Скопската општина Кисела Вода вчера беше центар на уличната уметност, каде што започна 15. издание на Баскерфест. Стотици граѓани уживаа во настапите на повеќе од 20 интернационални артисти, жонглери, акробати, илузионисти кои ја освоија публиката со несекојдневни вештини, хумор и интеракција што внесе живот во вечерната атмосфера.

Објавено на

часот

Сподели

Децата беа воодушевени од шарените костими и забавните точки, а ниту возрасните не го криеја воодушевувањето од позитивната енергија и уметничките перформанси на баскерџиите кои го претворија Расадник во културна сцена под отворено небо.

По целовечерното шоу во Кисела Вода, Баскерфест се сели во Велес. Велешани ќе имаат можност да бидат дел од уметничката магија кај Амфитеатарот од 19 часот.

Уличниот уметнички караван ќе посети вкупно девет градови и тринаесет локации низ Македонија, вклучувајќи ги Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово, скопските општини Бутел, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров, како и Куманово и Гевгелија, каде на 6 септември ќе се одржи последниот фестивалски ден.

Секоја фестивалска вечер, под мотото „Побарај ја забавата“ – Баскерфест 2025, ќе донесе многу емоции, смеа, изненадувања и моменти на спонтаност и интеракција меѓу уметниците и публиката кои остануваат во трајно сеќавање на сите кои ќе бидат дел од овој незаборавен уличен спектакл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ