„Редовно рангиран меѓу најдобрите светски туристички дестинации, Бали нуди редок спој на богато културно наследство, неверојатна природна убавина, добри домаќини и широка палета искуства. Познат како ‘Островот на боговите’, неговата длабоко вкоренета духовност е во остар контраст со современата слика на постојана посетена туристичка точка. Оваа динамика е она што го прави Бали бескрајно фасцинантен и често погрешно разбран“, соопшти организаторот.
Романтичниот шарм на Бали му ја донесе титулата за најдобра дестинација за меден месец, пишува „Трипедвајзор“ (TripAdvisor).
„Ова признание нѐ мотивира да продолжиме да му ја покажуваме убавината на Индонезија на светот и да се погрижиме Бали, заедно со другите дестинации, да блесне уште повеќе“, велат од индонезиското Министерство за туризам.
Тропскиот рај на Индонезија, во трката за таа престижна титула, ги победи Малдивите, Сант Лусија на Карибите и Маурициус. Бали е познат е по своите недопрени плажи, природниот пејсаж и богатото културно наследство, коешто со години го прави омилен остров меѓу туристите и патниците, а и сѐ повеќе љубовни двојки се одлучуваат и за свадби или меден месец тука.






