„Нашиот тим, освен претставувањето на македонските вина и Бахус класик релито што есенва ќе се одржува во нашата држава, имаше повеќе од успешен настап и освоено прво место во својата категорија. Ова признание е навистина интересно и важно за нас и за нашата држава затоа што е прв пат македонски тим да освои прво место на Интернационален олдтајмер настан во Германија“, велат од тимот на „Bacchus Classic“ во изјава за МИА.
На настанот, кој е еден од најпрестижните во Германија и се одржа во градот којшто е под заштита на УНЕСКО, учествуваа 390 автомобили од цела Европа. Возилата беа изложени во централниот парк којшто е опкружен со историски згради со кои се надполнуваше убавината на олдтајмерите.









