среда, 10 декември 2025

Астрономите го снимија почетокот на формирањето на карпести планети и ѕвезден систем (ВИДЕО)

Астрономите ги открија најраните почетоци на формирање на карпести планети во гасот околу ѕвезда слична на Сонцето, видеото објавено вчера ја покажува почетната точка, „нултиот момент“, кога почнуваат да се формираат нови светови, пренесува Асошиејтед прес.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Направивме директен поглед во жешкиот регион каде што карпести планети како Земјата се раѓаат околу млади прото-ѕвезди. За прв пат, можеме со сигурност да кажеме дека првите чекори во формирањето на планетите се случуваат токму сега“, изјави професорката Мелиса Меклур од опсерваторијата Лајден во Холандија, која го предводеше меѓународниот истражувачки тим.

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) и Европската јужна опсерваторија во Чиле ги здружија силите за да ги откријат овие рани фрагменти од планетарно формирање околу младата ѕвезда позната како ХОПС-315.

Ѕвездата е жолто џуџе во развој, како Сонцето, но е многу помлада, стара од 100.000 до 200.000 години и е оддалечена околу 1.370 светлосни години од Земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ