Сунита Вилијамс и Буч Вилмор од НАСА го привлекоа светското внимание кога се појавија проблеми за време на пробниот лет на вселенското летало Старлајнер на Боинг до Меѓународната вселенска станица (ИСС) во јуни. Додека чекаа алтернативно враќање, тие се соочија со низа медиумски и политички наративи кои тврдеа дека се „напуштени“, „заробени“ или „заглавени“ – описи што самите астронаути ги негираа, пренесува Њуз.цом.ау.
Говорејќи за Фокс њуз на заедничка прес-конференција, Вилмор го отфрли наративот дека астронаутите биле „заробени“ или „напуштени“ на Меѓународната вселенска станица.
„Сите овие придавки се многу широки поими“, изјави Вилмор.
„Значи, во некои аспекти, да, бевме заглавени, во некои аспекти можеби дури и оставени, но начинот на кој го претставија – како да сме заборавени во орбитата – немаше никаква врска со реалноста“, рече тој.
„Заглавени? Добро, па не стигнавме дома како што планиравме, па по една дефиниција, да, заглавивме. Но, во поширока смисла – не бевме. Планиравме, трениравме“.
“Кој? Кој е “тие”?” тој праша, пред да признае: „Сите тие имаа удел во мисијата што не се одвиваше според планираното. Има голем број прашања кои, како командант на мисија ЦФТ (пробен лет со екипаж), не ги поставив. Така што и јас ја сносам одговорноста. Има работи што не ги прашав и требаше да ги прашам. Тогаш не знаев дека треба да ги поставам. Но, сега, гледајќи наназад, сигналите беа таму“, рече тој.
ЏЏЏЏЏ
“Дали е виновен Боинг? Дали има одговорност? Се разбира. Дали НАСА е одговорна? Исто така. Секој сноси дел од одговорноста затоа што мисијата не помина како што треба. Имаше неуспеси во тестирањето, неуспеси во подготовката што не ги предвидовме“.
Но, истакна дека не сака да покажува со прстот кон никого.
„Се надевам дека никој не сака да покажува со прст. Не треба да гледаме наназад и да кажеме „Срамота, срамота, срамота“. Треба да гледаме напред и да кажеме: да го исправиме наученото и да ја направиме иднината уште попродуктивна и подобра. Јас така гледам на тоа. И мислам дека нацијата така треба да гледа“, решителен е Вилијамс.
НАСА негираше дека Вилмор и Вилијамс биле „заглавени“.
„Отсекогаш сме имале „чамец за спасување“, начин како тие да се вратат дома“, изјави за Си-ен-ен Стив Стич, директор на програмата за комерцијални летови со екипаж на НАСА.
Астронаутите на НАСА, Сани Вилијамс, Буч Вилмор и Ник Хејг, како и рускиот космонаут Александар Горбунов, се спуштија во морето во близина на брегот на Флорида со помош на вселенското летало Спејс Икс Драгон.
На почетокот на интервјуто, Вилијамс и Вилмор ги открија своите првични реакции кога дознаа дека нивното враќање ќе биде одложено.
„Мојата прва мисла беше – само треба да се прилагодиме“, изјави Вилијамс.
„Ако е одлучено леталото да се врати без нас, а ние да останеме таму до февруари, си помислив: „Да го искористиме максимумот од тоа“.
Вилијамс рече дека е „навистина возбудена“ што живеела во вселената и дека уживала да гледа колку станицата се променила од последниот пат кога била таму.
„Станицата секогаш се движи, секогаш нешто се случува. Толку многу научни експерименти се случуваат таму горе. И, знаете, чест ми е што можев да бидам дел од тоа“, додаде таа.
Во меѓувреме, Вилмор изјави дека размислувал дека ќе ја пропушти последната година од средното образование на неговата ќерка, но решил таа мисла да ја „стави во фиока“ и да се фокусира на мисијата.
„Не се работи за мене, ниту за моите чувства. Се работи за тоа што значи оваа програма за човечки вселенски летови. Тоа се наши национални цели“, рече тој.
„Морам да се позиционирам – ментално и емоционално – да мислам: „Што ѝ треба на нацијата од мене? Дали мислев дека нема да бидам со ќерка ми во таа учебна година? Секако… Јас секако имам лична страна на сето ова, но не можам да дозволам тоа да ми пречи на она што сум повикан да го направам“, заклучи Вилмор.