Тој фотографирал малку гротескна виолетова животна форма.
„Изгледа како имитација изведена од јајце“, напиша еден корисник на мрежата Икс, алудирајќи на вонземјански чудовишта од продолженијата на филмот „Осмиот патник“.
“Запалете го со оган!”, додаде друг корисник.
Сепак, вонземјанскиот изглед на овој организам е мамка. Всушност, тоа е само виолетов компир.
Овој вселенски компир, со прекар Спудник-1, е резултат на работата на Петит во слободното време на својата хоби-градина во вселената.
„За време на Експедицијата 72, носев компири за својата вселенска градина, активност што ја правев во слободно време. Ова е млад виолетов компир, со парче лепенка што го држи на место во мојот импровизиран терариум со вештачко осветлување.“
Компирите се едни од најефикасните растенија кога се споредува хранливата вредност со вкупната маса на растението (вклучувајќи ги и корените). Како што Енди Вир призна во својата книга, подоцна и екранизиран филм „Марсовецот“, компирите ќе играат важна улога во идните истражувања на вселената. Затоа помислив дека би било добра идеја да почнам сега!“, напиша Петит, астронаут на НАСА на социјалната мрежа Икс.
Spudnik-1, an orbiting potato on @Space_Station!
I flew potatoes on Expedition 72 for my space garden, an activity I did in my off-duty time. This is an early purple potato, complete with spot of hook Velcro to anchor it in my improvised grow light terrarium.
Potatoes are one… pic.twitter.com/MXsoV20vJ8
— Don Pettit (@astro_Pettit) March 20, 2026
Во коментарите, Петит понатаму објаснува дека компирите ги одгледувал хидропонски, што значи дека не се одгледувани во почва, туку во вода богата со хранливи материи.
Петит вели дека за време на претходните мисии на ИСС одгледувал кикирики, тиквички, брокула, сончогледи и друго. Еднаш дури и одгледувал садници од босилек и домат – користејќи чепови за уши, објави Сајенс алерт.
Пред неколку години, Петит водеше блог на НАСА наречен „Дневник на вселенската тиквичка“, за времето поминато како вселенски градинар на ИСС.






