понеделник, 8 декември 2025

Астероид со големина на автобус прелета веднаш покрај Земјата: Се знае точно кога ќе се врати

Астероид со големина на автобус, со дијаметар од 11 метри, првпат беше забележан пред нешто повеќе од една недела. Ноќта меѓу средата и четвртокот прелетал покрај Земјата, на растојание од околу 805.000 километри.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Се движел со брзина од повеќе од 22.400 километри на час, објави лабораторијата за млазен погон (ЈПЛ) на НАСА на својата веб-страница за следење на астероиди.

Вселенската карпа, наречена 2025 КјуВи5, првпат беше забележана на 24 август. Има приближно кружна орбита околу Сонцето, кружејќи околу нашата матична ѕвезда на секои 359,4 дена, пренесе ЛајвСајнс. Во тој период, се движи помеѓу орбитите на Земјата и Венера, бидејќи гравитацијата на двете планети суптилно ја влече од една на друга страна. Како резултат на тоа, малку е веројатно дека некогаш ќе нè удри. Дури и да се случи, тој е премногу мал за да се смета за „потенцијално опасен“ и поголемиот дел од неговиот материјал најверојатно ќе изгори во атмосферата.

И покрај ова, научниците се желни да дознаат што е можно повеќе за оваа вселенска карпа, и таа е додадена на листата на цели за телескопот „Голдстоун радар“ во Барстоу, Калифорнија, кој е специјализиран за следење и снимање на астероиди во близина на Земјата, во наредните денови.

Астероидот 2025 КјуВи5 ќе има уште неколку „блиски приближувања“ кон Земјата во текот на следниот век, вклучувајќи прелетувања во 2026 и 2027 година. Сепак, тие прелетувања ќе се случат на многу поголеми растојанија од нашата планета. Следната година, на пример, астероидот ќе се доближи на само 5,3 милиони километри од нас, а ќе биде три пати подалеку од таа оддалеченост кога ќе помине во 2027 година.

Следниот пат кога оваа вселенска карпа ќе се приближи толку ќе биде на 4 септември 2125 година, кога ќе достигне оддалеченост од околу 1,3 милиони километри од Земјата, според сегашните пресметки од Базата на податоци за мали небесни тела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ