вторник, 31 март 2026

Артемис 2 се упати кон Месечината со четиричлен екипаж по 53 години (ВИДЕО)

Капсулата Орион ќе помине еден ден во орбитата околу Земјата, по што ќе ги активира моторите за да го насочи екипажот кон Месечината, ќе изврши брзо прелетување наместо слетување, а потоа ќе се врати на Земјата.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

По 53 години од последната мисија на НАСА со екипаж на Месечината, Артемис 2 треба да се лансира со четиричлен екипаж десет дена на непрекинато патување, за време на кое ќе ја обиколи Месечината и, доколку сè оди според планот, ќе слета во Тихиот Океан.

Моќната ракета висока колку зграда од 32 ката, е подготвена за лансирање во среда навечер, а официјалните лица изразија внимателен оптимизам дека и техничката подготвеност и временските услови се поволни за полетување.

Капсулата Орион ќе помине еден ден во орбита околу Земјата, по што ќе ги активира моторите за да ја испрати екипата кон Месечината, ќе изведе брзо прелетување без слетување, а потоа ќе се врати кон Земјата по внимателно планирана патека, осмислена за тестирање на системите за длабоката вселена.

Мисијата, сепак, имаше низа одложувања – истекување на водород го помести февруарскиот термин, а подоцна затната линија за притисок на хелиум ги принуди инженерите да го вратат леталото во хангар. Американско-канадската екипа пристигна во петок, што ја означува завршната фаза од подготовките за лансирање.

Пилотот Виктор Гловер нагласи дека мисијата треба да ги инспирира помладите генерации, но исто така изрази надеж дека ваквите потфати со текот на времето ќе станат рутински, а истражувањето на вселената ќе оди подалеку од симболичните „први чекори“ и ќе стане заеднички потфат на човештвото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ