четврток, 9 април 2026

Археолозите во Египет открија ретки свитоци од папирус

Археолозите во Египет откриле ретки свитоци од папирус, како и низа саркофази кои датираат од периодот од 1070 до 664 година пред новата ера, соопшти денес Министерството за туризам и антиквитети на земјата.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Античките свитоци биле пронајдени за време на ископувања во областа Курна, на западниот брег на Луксор, во близина на гробницата на Сенеб.

Археолозите ги пронашле свитоците во голем сад од глина, а некои дури имале и оригинални глинени печати, стари 3.000 години, пренесува Фокс њуз.

“Се разликуваат по големина и се сметаат за вреден извор на информации, а се чекаат резултатите од нивната реставрација и превод”, се вели во соопштението на министерството.

Саркофазите, во кои биле погребани пејачи од храм посветен на богот Амон, биле пронајдени наредени во правоаголна погребна просторија врежана во карпата.

Официјални лица укажуваат дека античките Египќани го искористиле просторот максимално со тоа што ги распоредиле ковчезите во 10 хоризонтални редови и ги одвоиле капаците од кутиите за да го зголемат капацитетот на одајата.

„Тим реставратори изврши итни конзерваторски работи, вклучувајќи третман на дрвени влакна и ослабен слој од обоен малтер, како и внимателно механичко чистење за отстранување на наслаги без оштетување на светлите бои на саркофагот“, додаде египетското министерство во соопштението.

Археолозите моментално се обидуваат да ги идентификуваат лицата закопани во саркофазите, што претставува значителен предизвик бидејќи на нив се испишани титулите на починатите, а не нивните имиња.

Министерот за туризам и антиквитети, Шериф Фати, нагласи дека најновото откритие „претставува значаен додаток на египетската евиденција за важни археолошки наоди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ