„Ова е многу посебно откритие. Фактот дека пронајдовме недопрени делови од овој објект го прави ова откритие уникатно“, изјави археологот Дамиен Дуивенворден, според веб-страницата Нос.
Археолозите пронајдоа воен штаб пред неколку недели, по должината на Лимес, северната граница на Римското Царство, која се протегаше низ територијата на Холандија.
Пронајдени се темелните греди на седиштето на римскиот воен логор, наречен принципија.
Дебелите греди се во добра состојба благодарение на отсуството на кислород во почвата, соопштија експертите.
„Ова било важна точка во легионерскиот логор. Тука римскиот командант се среќавал со своите високи офицери. Штабот имал и религиозна функција, исто така, тука се чувало злато и воени знамиња“, објасни Дуивенворден.
Во оваа прилика археолозите не пронашле знаци дека во седиштето се одвивал живот, па се претпоставува дека објектот бил користен кратко.
Според истражувачите, постои теорија дека пред нападот на Британија во тоа време тоа било место за собирање на 6.000 луѓе.






