Според полицијата, инцидентот бил пријавен петнаесетина минути по полноќ на раскрсницата на Сансет булевар и Ферфакс авенија, пренесува Ен-би-си. Истрагата утврдила дека Сатерленд влегол во патничко возило, физички го нападнал возачот и упатил закани.
Полицијата соопшти дека жртвата не претрпела никакви повреди за кои е потребна медицинска помош на местото на настанот и дека истрагата е во тек. Сатерленд бил приведен кратко по 4 часот наутро, со кауција од 50.000 долари, а бил ослободен неколку часа подоцна.
Според затворските записи во округот Лос Анџелес, Сатерленд треба да се појави на суд на 2 февруари.
Неговите претставници не одговорија на барањата за коментар.
Во 2007 година, актерот беше осуден на 48 дена затвор поради возење под дејство на алкохол.






