Постои едноставен и ефикасен трик што ќе ја избрка змијата без ризик – и без да ја повреди, пренесува Н1 Сараево.
Ако забележите змија во близина, не обидувајте се да ја исплашите со викање. Наместо тоа, доволно е силно да удирате со ногата по земјата. Змиите се исклучително чувствителни на вибрации, што им служи како предупредувачки сигнал. Во повеќето случаи, тие ќе се повлечат штом ќе го почувствуваат треперењето.
Правете врева додека одите – поместувајте гранки, удирајте ја земјата или камењата со стап. Ова ќе ѝ даде време на змијата да се сокрие.
Носете високи чевли и долги панталони, особено ако влегувате во пошумени, запуштени или обраснати области.
Не ги допирајте змиите, дури и ако изгледаат мрзливи или заспани – змиите касаат само кога се чувствуваат загрозени, затоа не им се приближувајте.
Змиите се корисни животни кои ретко напаѓаат без причина. Во повеќето случаи, тие сами ќе избегнат контакт со луѓето ако им дадеме можност да избегаат.