Претходно Балал, режисерот на документарецот „Нема друга земја“ и овогодишен добитник на „оскар“, изјави дека израелската војска го привела, но подоцна беше пуштен. Во првичниот одговор на Академијата во средата, Белал не беше спомнат по име, но накнадно е издадено извинување, пренесува Би-би-си.
„Искрено му се извинуваме на господинот Балал и на сите уметници кои се почувствуваа неподдржани од нашата претходна изјава и затоа сакаме да дадеме до знаење дека Академијата осудува вакво насилство секаде во светот. Се противиме на сузбивањето на слободата на говорот под сите околности“, се додава.
Повеќе глумци и продуценти го потпишаа отвореното писмо во кое се критикува претходната изјава.
„Недозволиво е организацијата во првата недела од март да го награди филмот, а потоа само неколку недели подоцна да не успее да ги заштити неговите автори“, се наведува во писмото. Потписниците на писмото го осудија и „бруталниот напад и незаконскиот притвор“ на оскаровецот.
Нападот на Балал „не е само напад на еден режисер, туку напад на сите оние кои се осмелуваат да сведочат и да ги кажуваат непријатните вистини“, се наведува во писмото. „Ќе продолжиме да бдееме над овој филмски тим. Освојувањето на „оскарот“ ги доведе нивните животи во поголема опасност. Нема да бираме зборови која станува безбедноста на колегите уметници е во прашање“, се додава.
Марк Руфало, Оливија Колман, Ема Томсон, Ричард Гир, Сузан Сарандон, Жоакин Финикс и Пенелопе Круз се некои од славните глумци кои го потпишаа писмото.
Израелски доселеници го претепале Балал на окупираниот Западен брег пред израелската војска да го притвори.
Еврејскиот режисер Басел Адра, коавтор на филмот „Нема друга земја“ со Балал, кажа дека сведочел на притворањето и видел како војници го одведуваат Балал, врзан и со превез преку очите, од неговиот дом во воено возило. Тој кажа дека доселениците влегле во селото набрзо откако мештаните го прекинале дневниот пост за рамазан.