Ракетите од серијата Долг марш досега во орбита доставиле речиси 1.400 вселенски летала и извршиле 86 отсто од кинеските мисии за лансирање во вселената, соопшти кинеската корпорација за воздухопловна наука и технологија ЦАСЦ, пренесува Синхуа.
Меѓу 24-те варијанти на ракети развиени од првиот лет на ракетата од серијата Долг марш, 11 припаѓаат на новата генерација, претставувајќи важна сила во големиот број вселенски лансирања извршени од Кина.
Како што изјави компанијата, оваа серијата ракети активно се прилагодува на барањата на пазарот, нивната комерцијална примена постојано се зголемува, а овие лансирни возила сè повеќе се користат во сферата на комуникации и навигација.
Ракетниот научник Лонг Лехао истакна дека серијата Долг марш ќе продолжи да развива ракети со поголем капацитет на носивост, брзина и сигурност, а воедно ќе ги намали трошоците.
Тој, исто така, рече дека е постигнат напредок во неколку програми за лансирање, особено во развојот на ракетата Долг марш-10, наменета за лансирање на кинеска мисија на Месечината до 2030 година.






