среда, 10 декември 2025

10 проценти од луѓето заработуваат повеќе од остатокот од светот заедно: Драматични разлики во светското богатство

Помалку од 60.000 луѓе, што претставува само 0,001 процент од светската популација, контролираат три пати повеќе богатство од целата сиромашна половина од човештвото, покажа новиот Извештај за нееднаквоста во светот за 2026 година.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот, подготвен од повеќе од 200 истражувачи, открива дека најбогатите 10 проценти од луѓето заработуваат повеќе од преостанатите 90 проценти заедно, додека најсиромашната половина од светот поседува помалку од два проценти од вкупното богатство, пренесува Гардијан.

Најбогатите 10 проценти од глобалната популација контролираат околу 75 проценти од светското богатство, се наведува во извештајот.

Авторите на извештајот предупредуваат дека овие екстремни разлики меѓу богатите и сиромашните станале неодржливи.

„Светот во кој мало малцинство поседува огромна финансиска моќ, додека милијарди луѓе немаат основна економска сигурност, бара итна акција“, изјавија истражувачите.

Нееднаквоста не е само економска

Од 1995 година, уделот на глобалното богатство порасна од околу четири проценти на повеќе од шест, додека богатството на мултимилионерите се зголемуваше речиси двојно побрзо.

Во извештајот, исто така, се истакнува дека нееднаквоста не е само економска, туку влијае и врз образованието и животните шанси.

На пример, трошоците за образование по дете во Европа и Северна Америка се повеќе од 40 пати повисоки отколку во супсахарска Африка.

Глобалниот финансиски систем исто така придонесува за нееднаквост – богатите земји можат да се задолжуваат и да инвестираат под поповолни услови, што им дава дополнителна предност.

Постои и родова нееднаквост

Еден автор дури предлага и глобален данок од три проценти за најбогатите милијардери, со што би можело да соберат околу 750 милијарди долари годишно за образование во земјите со ниски и средни приходи.

Извештајот, исто така, ја истакнува родовата нееднаквост: жените сè уште заработуваат значително помалку од мажите, а кога ќе се вклучи и неплатената работа, разликата е уште поголема.

Исто така, богатите имаат поголемо влијание врз климатската криза.

Сиромашната половина од светот е одговорна за само три проценти од емисиите на јаглерод, додека најбогатите 10 проценти придонесуваат за околу 77 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ