Делегација на Баерн Минхен, предвоена од генералниот извршен директор, Јан Кристијан Дресен и техничкиот директор Марко Непе, денеска пристигна во Лондон на средба со првиот човек на Тотнем, Даниел Леви.
Скај Спортс објави детали од работниот ручек, помеѓу двете страни има значителна разлика и тоа од 20 милиони фунти.
„Спарси“ исто така бараат клаузула со која ќе можат први да го вратат напаѓачот во Премиерлигата доколку Хари Кејн реши да замине од „Алианц Арена“.