сабота, 27 јули 2024

Разбојник се заканувал со нож и украл пари

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир, вчера, извршиле службен разговор со А. А. (30) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека на 8 октомври 2023 со закана со нож кон вработен на бензинска пумпа во Скопје одзел пари. Во службениот разговор тој го признал делото.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ