Пред да се донесе оваа едногласна одлука, Претседателот на МОК, Даниел Димевски и Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го презентираа планот за организација на игрите во однос на спортските објекти, сместувачките капацитети, транспортот и другите фактори кои ќе имат влијание на успешната организација на игрите.
На крај, претседателот на МОК, Даниел Димевски, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, претседателот и Генералниот секретар на ЕОК, Спирос Капралос и Рафаеле Пањоци го потпишаа и конечниот договор односно Одлука за градот Скопје да биде домаќин на 18-те летни Европски младински олимписки игри.
На Европските младински олимписки игри во Скопје се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 14 олимписки спортови.