петок, 18 октомври 2024

Расте бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централно парно

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ, се наведува во соопштението, е во постојан пораст.

„Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, до денес, околу 1640 потрошувачи со вкупна инсталирана топлинска моќност од 10 МW се приклучиле на системот за централно греење од кои 150 се претходно исклучени потрошувачи“, појаснуваат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Трендот на пораст на бројот на потрошувачи кои се приклучуваат, подвлекуваат, покажува дека кај жителите на градот Скопје расте свесноста за бројните придобивки и комфорот што го нуди централниот системот за греење. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи, се додава во соопштението, е и акцијата за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи на системот за централно греење која е во тек и важи за сите потрошувачи каде има техничка можност за приклучување.

Сите неопходни информации за постапката за приклучување заинтересираните потрошувачи можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ