сабота, 27 јули 2024

Растат тензиите меѓу Берлин и Париз, Макрон и Писториус се караат поради војната во Украина

Берлин смета дека пристапот на францускиот претседател „воопшто не помага“, пренесува Политико.

Објавено на

часот

Сподели

Тензиите меѓу Берлин и Париз излегоа на виделина вчера кога германскиот министер за одбрана Борис Писториус му возврати на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ги повика сите во Европа да не бидат „кукавици“ во одбраната на Украина.

Говорејќи на средба со француската заедница во Прага, Макрон рече дека „Европа очигледно се соочува со момент кога ќе биде неопходно да не се биде кукавица“. Тој додаде дека луѓето „никогаш не сакаат да ги видат претстојните трагедии.“

Писториус возврати дека вокабуларот на Макрон е контрапродуктивен.

„Навистина не ни треба, барем од моја перспектива, да зборуваме за праќање војници или имање повеќе или помалку храброст“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференцијата со неговиот шведски колега Пол Јонсон.

„Ова е нешто што, всушност, не помага во решавањето на дилемите што ги имаме кога станува збор за помагање на Украина“, додаде тој.

Говорејќи пред новинарите на маргините на посетата на Прага, Макрон подоцна рече дека Германија не била предмет на неговиот коментар, туку дека „било неопходно“ да се протресат сојузниците на Франција.

Коментарите на Макрон и на Писториус покажуваат дека француско-германските тензии околу војната во Украина растат. Франција долго време се чувствуваше фрустрирано од тоа што Германија ги гледа односите со Вашингтон како клучни за европската безбедност, додека Германија негодува поради неодамнешното претворање на Макрон во самопрогласен воен лидер, особено затоа што Берлин ѝ даде на Украина многу повеќе оружје од Париз, вели Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ