Како што соопшти ЕП, анализирајќи го напредокот на Македонија кон членството во ЕУ, предлог-извештајот „ги препознава чекорите што земјата ги презеде за решавање на различните прашања што го попречуваат процесот на нејзино пристапување“ кон Унијата.
Во документот се апелира и на „брзо унапредување“ на пристапните преговори на земјава и се повикуваат сите македонски политички чинители „да постигнат консензус за неопходните уставни амандмани“, а од ЕУ се бара „да го поддржи овој потфат“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, членовите на АФЕТ ќе гласаат по предлог-извештајот за земјава во текот на мај.
Покрај, за земјава, членовите на АФЕТ ќе расправаат и за извештаите за напредокот на Албанија, Босна и Херцеговина и на Молдавија.
За извештаите за Косово, Србија и Турција АФЕТ расправаше на своето заседание на 20 февруари.
На седницата на АФЕТ во вторник, европратениците ќе разменат и мислења за состојбите на Блискиот Исток со сирискиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ајман Сафади, а извршниот директор на Европската фондација за демократија (ЕЕД), Јержи Помјановски ќе им го презентира Годишен извештај за демократија на организацијата за 2024 година.