Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди беше турнат и соборен на подот од други пратеници во хаотични сцени во Долниот дом на парламентот, објавија италијанските медиуми.
Дебата се водеше за законот за таканаречената диференцирана автономија на регионите предложен од десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони. Законот им дава на регионите поголеми овластувања, на што опозицијата се противи.
Кога пред еден месец се расправаше за тоа во сенатот, дојде до вербални пресметки меѓу пратениците. Но, сега опозициските парламентарци од Претставничкиот дом вееја италијански знамиња и ја пееја националната химна.
Siamo arrivati alle violenze dai banchi della maggioranza Meloni. Hanno aggredito il nostro Leonardo Donno perché ha portato il tricolore al Ministro Calderoli, perché diciamo no alla secessione dell’Italia firmata Meloni, Salvini e Tajani. È uscito in barella dalla Camera dei… pic.twitter.com/4OkYB9gP8D
— Giuseppe Conte (@GiuseppeConteIT) June 12, 2024
Кога Доно се обиде да му го даде знамето на министерот за регионална администрација, неколку пратеници се упатија кон него и почна туркањето, покажуваат видеата.
Останува нејасно дали Доно сам паднал или од ударите, а претседателот на домот ја прекина седницата и најави дека кога ќе ја прегледа снимката ќе одлучи за евентуалните мерки.
Говорејќи за телевизијата Ла7, Доно рече дека е во болница и чека да биде прегледан од лекарите откако „прими доста удари“.
„Не можам да верувам дека такво нешто се случи во Претставничкиот дом. Сè уште не верувам“, рече Доно.