сабота, 27 јули 2024

Распишан меѓународниот конкурс за поезија „Антево слово“ 2024  

Објавено на

часот

Сподели

Поезијата може да се испраќа до 1 март 2024 година.

Од тимот на „Антево слово“ информираат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, а меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претставник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели пролетта, 2024 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

„Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист“, појаснуваат во соопштението од од тимот на „Антево слово“.

Како што информираат  организаторите,  на конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик.

Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ