среда, 29 мај 2024

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“за 2024

Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Наградата „Антево перо“ е во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

Ракописите треба да бидат напишани во Тајмс њу роман, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат пдф или ворд на електронската адреса – [email protected] заклучно со 5 август 2024 година. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти кон крајот на август 2024 година.

Покрај наградата „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди,  „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата го задржува правото да не ги додели придружните награди.

На конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот стаж или државата во која живеат.Со оглед на тоа што покрај наградата „Антево перо“, на конкурсот се доделува и наградата „Антев часовник“, Комисијата препорачува творците кои се помлади од 25 години, да наведат дека спаѓаат во оваа категорија на автори. Напоменуваме дека возраста воопшто нема да влијае на Комисијата при распределба на наградите. Доколку Комисијата оцени дека некој од младите автори има збирка која заслужува да ја добие наградата „Антево перо“, возраста воопшто нема да биде елиминаторен услов.

Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од истакнат македонски  литературен творец во рамките на Mеѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ