сабота, 27 јули 2024

Распишан е оглас за работници со 40 часовна работна недела за автопатиштата на Бехтел

Објавено на

часот

Сподели

Според огласот, ЈПДП ќе ангажира работници според нивниот правилник, а тоа значи работна недела од 40 часа неделно, а не како што било договорено со „Бехтел и Енка“ за 60 часовна работна недела.

Рокот за пријавување е 25 април.

Јавното претпријатие бара помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер за основна плата од 70.052 денари; координатор на единицата за подготовка на проектот со завршен фалкултет од општествените зането-плата од 60.005 денари; координатор на единицата за техничка изведба на проектот кој треба да биде градежен инженер за 65.029 денари…

Се бараат и специјалисти за експропријација на имот, преведувач, известувач за проектот, администратори со средно образование, возачи, специјалисти за инвестиции и градба на патишта, урбанист, геодет, двајца специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација, електроинженер, сообраќаен инженер...

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ