Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 раскази го издвои „Јоанес Даубманус“ како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.
Авторот на наградениот расказ треба најдоцна до 9 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок, информираат од Општина Охрид.
Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август 2024 година во родното цело на Чинго, селото Велгошти.