Не се вообичаени расистички испади на ракометни натпревари, но овојпат тоа се случи и тоа на Европско првенство.
Од репрезентацијата на Франција јавно се пожалија дека нивни ракометари биле мета на расизам од страна на хрватски навивачи.
„Европската ракометна федерација (ЕХФ) е свесна за јавните соопштение на ракометари на францускиот национален тим дека биле мета на расистички скандирања за време на мечот против Хрватска. ЕХФ ги осудува сите форми на расизам, дискриминација и нетолеранција. Однесување кое содржи дискриминација или расистички навреди кон било кој играч, официјални лице или навивачи не се толерира на ниту еден меч организиран под чадорот на ЕХФ. Нема простор за такво однесување во европскиот ракомет“, се вели во соопштението на ЕХФ.
Тие потврдуваат дека оние кои навредувале, веднаш биле избркани од салата.
„Навивачите биле идентификувани и отстранети од трибините од страна на обезбедувањето. Овој инцидент дополнително ќе биде дискутиран меѓу ЕХФ, Германската ракометна федерација за да се преземат сите можни мерки со цел да се спречи нешто слично во иднина. Ќе биде разговарано и со хрватската делегација на ЕП, со цел да се потенцира нивната одговорност за однесувањето на фановите за време на мечевите од првенството“, додаваат од ЕХФ.