сабота, 27 јули 2024

Рашковски даде гаранција од 193 илјади евра за да излезе од куќен притвор, обвинителството се жали

Обвинетиот поранешен генерален секретар на Влдата, Драги Рашковски е во исчекување на конечната судска одлука за да излезе од куќен притвор за што даде гаранција во недвижен имот во висина од речиси 193 илјади евра. На одлуката се жали обвинителството па на потег ќе биде Апелацискиот суд.

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, прецизираат од Кривичниот суд.

Потребно е и понудениот имот како гаранција да се прибележи во Катастарот за недвижности.

Рашковски е во домашен притвор од јули кога првостепено беше осуден на 8 години затвор за злоупотреба на службената положба и за перење пари во судскиот предмет Софтвери. На судската пресуда тој имаше поднесено жалба за што Апелација уште нема донесено одлука.

Во истиот процес беа осудени уште шест лица, во кој Рашковски и уште тројца осудени треба да ја надоместат штетата верз буџетот во износ од околу 190 илјади евра. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ