сабота, 27 јули 2024
Нема крај на скандалите

Рашфорд во 3 часот наутро ја избркал девојката од соба, па ѝ ги фрлил алиштата во ходник

Маркус Рашфорд продолжува да ги полни таблоидите, последните информации велат дека напаѓачот на Манчестер јунајтед во 3 часот наутро ја избркал девојката од хотелската соба, па и ги фрлил алиштата во ходник.

Објавено на

часот

Сподели

Ѕвездата на Манчестер јунајтед се најде во фокусот на јавноста откако минатата недела два дена се пијанчел во Белфаст, а потоа ги лажел „ѓаволите“ дека е болен и не може да се појави на тренинг во пресрет на натпреварот против Њупорт во ФА Купот.

Се говори дека клубот од Олд Трафорд жестоко ќе го казни напаѓачот со 600.000 фунти.

И додека во Манчестер јунајтед сакаат што побрзо да ја заборават оваа непријатна епизода, медиумите пишуваат за нов скандал.

Дејли Мејл објави дека Маркус Рашфорд во 3 часот наутро ја избркал девојката од хотелската соба, и и ги фрлил алиштата во ходник.

Луѓе од хотелот во кој престојувал фудбалерот во Белфаст за весникот откриваат дека настанала расправија откако девојката го обвинила Маркус Рашфорд за неверство, односно се бакнувал со друга женска во ноќниот клуб „Томпсонс Гарден“.

Девојката на крајот со солзи во очите се симнала на рецепција и побарала нова соба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ