сабота, 27 јули 2024
Селекторот на Англија го објави списокот

Рашфорд нема да настапи на ЕВРО 2024, Саутгејт објасни зошто ја изоставил ѕвездата на Манчестер јунајтед

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт повика 33 фудбалери за Европското првенство, но и на овој проширен список нема место за играчи како Маркус Рашфорд и Џордан Хендерсон.

Објавено на

часот

Сподели

Герет Саутгејт ги откри адутите на „трите лава“ за ЕВРО 2024, селекторот на Англија изостави неколку имиња кои беа стандардни изминативе години, најзвучно е она на Маркус Рашфорд.

„Ова се тешки одлуки, зборуваме за играч кој е навистина добар и кој беше важен дел од она што го сработивме изминативе години“ – вели Герет Саутгејт.

„Одлуката за изоставување на Рашфорд е едноставна, сметам дека други играчи на неговата позиција имаа многу подобра сезона“.

Селекторот на Англија има голем избор за офанзивата со играчи како Кол Палмер, Фил Фоден, Букајо Сака и Еберечи Езе, кои прикажуваа фантастични партии изминативе месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ