Се очекуваше потпретседателката да се обрати пред толпата на Универзитетот Хауард, но кога стана јасно дека тоа нема да се случи, насобраните се упатија дома – оставајќи зад себе празни столчиња и напуштени знамиња.
Атмосферата кај поддржувачите на Харис генерално е депресивна, а Би-би-си објави и дека во некои демократски кругови веќе почнуваат критиките кон „елитистичките снобови во Вашингтон“.