петок, 18 октомври 2024

Расчистувањето на шумите во Амазонија поголемо за 14 отсто во однос на минатата година

Објавено на

часот

Сподели

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва ја презема должноста на 1 јануари и вети дека ќе ја сопре дефорестацијата на Амазонија по години расчистување на шумите под претходникот Жаир Болсонаро, кој ги тргна мерките за заштита на амазонскиот екосистем.

„Овој пораст покажува дека Амазонија сè уште пати од огромни недостатоци во управувањето и дека новата влада треба итно да дејствува за повторно да ги изгради капацитетите за сузбивање на еколошкиот криминал кој минатата влада целосно ги уништи“, кажа Марсио Астрини, шеф на локалната еколошка група Климатска опсерваторија.

Податоците на агенцијата за вселенски истражувања ИНПЕ покажуваат дека минатиот месец во бразилска Амазонија се расчистени 356 квадратни километри шума.

Најновите податоци даваат шарена слика за досегашната борба на новата влада против сечењето, при што уништувањето од јануари до март паднало на 845 квадратни километри, што е намалување од 11 отсто во однос на претходната година.

Бразил годишното расчистување официјално го мери во периодот од август до јули за да го ограничи влијанието на облаците кои ги попречуваат сателитските снимки за време на дождовните месеци. Во првите осум месеци од тој период, од август 2022 до март 2023, расчистувањето пораснало за 39 отсто на годишно ниво.

„Преостанаа само уште четири месеци за заклучување на конечните бројки за дефорестацијата. Тоа значи дека успорување на расчистувањето во Амазонија во 2023 е малку веројатно. Всушност, големи се шанси тоа да се зголеми“, кажа Астрини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ