Како што информира раководителот на делчевската подружница на Македонија пат, Влатко Цоневски, сообраќајот на оваа делница повторно се одвива по двете коловозни ленти.
Претходно, поради големите одрони, сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.
Паралелно, како што додаде Цоневски, извршено е чистење на патот од снежни наноси до граничниот премин Делчево како и регионалниот пат кон планината Голак.
Од Македонија пат апелираат на внимателно возење долж патните правци во пијанечко-малешевскиот регион и почитување на сообраќајната сигнализација.
А, поради сообраќајна несреќа на патниот правец Кичево – Гостивар, кај местото викано „Тајмишка раскрсница“, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ.
Сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:11 часот.
Од Македонија пат очекуваат брза нормализација на сообраќајот.