сабота, 27 јули 2024

Расчистена е дивата депонија спроти Католичката црква во Капиштец

Дива депонија во центарот на Скопје одамна не е вест. А вест станува кога ќе се расчисти. Општина Центар информира дека е расчистена дивата депонија во Капиштец, спроти Католичката црква.

Објавено на

часот

Сподели

Општинските служби ја расчистиле депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква, а градоначалникот на Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата, вели тој, беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре.

„Ваквите депонии мора да бидат расчистени од причина не само што ја нагрдуваат сликата во општината, туку поради тоа што најчесто се дувло на бездомници и потенцијални жаришта на зарази и нови пожари. Јавната хигиена и здравјето на граѓаните мора да биде на прво место“, изјави Герасимовски.

Општина Центар пред три месеци ги повика граѓаните да пријавуваат диви депонии преку телефонскиот број 02 3203 693 или на веб сајтот на општината. Општина Центар има за цел да ги расчисти сите диви депонии на целата територија на општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ