понеделник, 16 декември 2024

Рано утрово три земјотреси во Македонија

Два земјотреса кај Гевгелија и еден кај Блаце се регистрирани после полноќ. Најсилниот со јачина од 3,2 степени ја погоди околината на Гевгелија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).

Објавено на

часот

Сподели

На 16 километри од Гевгелија почувствуван е првиот земјотрес, а бил почувствуван и во Дојран. Неколку минути подоцна во истиот регион е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Десетина минути подацна, земјотрес е почувствуван и на северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница. Овој земјотрес бил почувствуван и во Скопје и околината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ