четврток, 24 октомври 2024

Ранливите категории граѓани ќе добијат бесплатни услуги од вешти лица

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош влегува во собраниска процедура, информираат од Министерството за правда (МП). Со измените кои ќе се носат по скратена постапка се врши усогласување со Законот за вештачење и со тоа корисниците на бесплатна правна помош ќе имаат пристап до услугите од вешто лице.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за правда (МП), со измените на Законот за бесплатна правна помош се определува дека наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат вештаци запишани во Регистарот за вештаци или фирми запишани во Регистарот на правни лица што вршат вештачење.

Со измените се уредуваат правата и обврски на учесниците во постапката за секундарна правна помош.

„Вештакот мора да биде од соодветната област која што е неопходна за решавање на правното прашање за кое е одобрена секундарната правна помош. Изборот на вештакот се врши согласно процесните закони. Се воспоставува обврска за соработка со корисникот како и со назначениот адвокат. Дополнително, се воспоставува обврска вештачењето, независно од која област се врши, да биде исклучиво за потребите на правното прашање за кое е одобрена секундарна правна помош. За прашањата поврзани со одговорноста, откажувањето, одбивањето да се вештаци се применуваат релевантните закони како и актите на Комората на вештаци“, пишува во соопштението од МП.

Во законот, како што дополнуваат, се уредува постапката за исплата на наградата и надоместокот на трошоците на вештите лица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ