сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Рамсдејл правеше чуда, Ливерпул и Арсенал одиграа нерешено (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал водеше со 2-0, но не успеа да ги освои трите бода од Енфилд, лесно можеше и Ливерпул да победи, но топчиите го имаа Рамсдејл.

Арсенал поведе уште во осмата минута кога Мартинели искористи една грешка на одбраната на Ливерпул и погоди за 1-0.

Во 28. минута Мартинели асистираше до Габриел Жесус кој даде гол за предност и од 2-0.

На три минути пред крајот на првиот дел, Салах постигна гол за 1-2, го врати Ливерпул во игра.

По седум минути во вториот дел, Салах имаше шанса од пенал да израмни, но биеше крај голот.

Конечно во 87. минута по убав продор на Александар Арнолд и негова асистенција, Фирмино погоди со глава за конечни 2-2.

Во текот на мечот Рамсдејл имаше неколку чудесни интервенции, па иако водеше со 2-0, Арсенал може да биде задоволен од бодот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ