Според обвинителката која постапува по случајот, иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција, стигнала малку подоцна, а предистражната постапка била макотрпна.
„Поднесено е обвинение против Рамиз Мерко, по иницијатива на ДКСК, која стигна малку подоцна. Предистражната постапка беше макотрпна и конечно прибравме доволно докази. Обвинението се однесува на злоупотреба на службена положба по однос на аудито, член 353 став 3 во врска со став 1“, рече обвинителката.
Антикорупциска во 2020 година поднесоа иницијатива за кривично гонење на Мерко за набавката на патнички возила, меѓу кои и ауди А6 вредно 67 илјади евра, но Обвинителството тогаш го затвори случајот во фаза на предистрага, иако и ревизорите утврдија дека тендерот е спроведен во време на финансиска нестабилност на Општина Струга.
Мерко во меѓувреме беше ставен на црната листа на САД поради корупција.
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, во интервју на „Анализа“ на ТВ 24, практично соопшти дека е пишман што не купил подобар автомобил од луксузното ауди од 67.000 евра, и покрај тоа што Општина Струга е во долгови.
„Да одам со фичо? Не вреди еден градоначалник да оди со скинати алишта и со стар автомолбил“, кажа во интервјуото за ова возило Мерко.