сабота, 21 декември 2024

Рама за Србија: Соседите не можеш да ги бираш

Премиерот на Албанија Еди Рама во интервју за Берлинер цајтунг кажа дека соседите не може да се бираат и затоа, иако имаат различни ставови околу прашањето на статусот на Косово, целосно го сменил албанскиот пристап кон Србија и ги обновил врските со таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Соседите се соседи, не можеш да ги бираш. Но, секогаш треба да работите на подобрување и одржување на врските со нив“, кажа Рама одговарајќи на прашањето за односите со соседите кои ќе се земе предвид минатото на регионот и конфликтите од деведесеттите години.

Истакна дека на односот со соседите секогаш треба да се работи, и на подобрувањето, и на одржувањето на односите со нив.

„Мојата баба беше мудра жена, немаше формално образование, но страсно читаше. И секогаш кажуваше: среќни соседи, среќен дом. Затоа целосно го сменив нашиот пристап кон Србија. Бевме целосно раздвоени сè додека за прв пат не го посетив Белград, 68 години од почетокот на последната војна, за да ги обновам врските со Србија“, кажа Рама.

Додаде дека постојат разлики, особено со Србија околу прашањето на Косово.

„Србија и понатаму ја игнорира реалноста дека Косово е посебна и независна држава, и нема враќање. Но, ако сакаме на следната генерација да ѝ дадеме подобар живот, мораме да се сложиме дека не се согласуваме по тоа прашање. Тоа не би требало да нè спречи да работиме заедно на други прашања, бидејќи има многу заеднички интереси“, истакна албанскиот премиер.

Истакна дека, дури иако Србија е блиска со Русија и Кина, што Албанија никогаш нема да биде, сепак на регионот му е потребен стабилен мир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ