петок, 18 октомври 2024

Рама за компромисот кој мора да го направи Приштина: „Тоа е чај од камилица во однос на тоа што мора Белград да го голтне“

Објавено на

часот

Сподели

Рама оцени и дека по состанокот во Охрид се гледа светлото на крајот на тунелот кога станува збор за дијалогот на Белград и Приштина.

„Постои тоа светло и секој чекор напред е чекор кон него, а минавме векови и децении кога секој чекор беше чекор кон темнината“, кажа Рама.

Албанскиот премиер оцени дека „Заедницата на српски општини е договор кој е потпишан и има посебна важност, бидејќи станува збор за максимумот кој Приштина може да му го понуди на Белград и српската заедница на Косово“.

На прашањето што мисли за гласното противење на косовскиот премиер Аљбин Курти за формирањето на ЗСО, Рама кажа дека „транзицијата од поетиката на опозицијата во прозата на власта е болна“. „Таа транзиција не е лесна, особено кога поезијата е многу жестока, тогаш и транзицијата е потешка, но тоа не е нешто што му се случува на секого“, кажа албанскиот премиер.

Според него, односите на Балканот никогаш не биле подобри, дури и односите меѓу Белград и Приштина. „Денес имаме процес на нормализација на односите со помош на Европската Унија и САД, кои дадоа многу значајни и интересни сигнали во врска со можноста за крај на конфликтите и почеток на нова ера“, наведе Рама.

Тој кажа дека односите на Белград и Приштина веќе се подобриле, бидејќи „кој до вчера мислеше дека Аљбин Курти може да седне со претседателот на Србија Александар Вучиќ“.

„Простувањето не е лесно, тоа е процес. Така што мораме да направиме мир. А, да се работи за мир е многу потешко… Има некои кои велат дека мирот е многу потежок од војната. Јас не сум војувал, јас повеќе го сакам мирот. Нормално, војната е последно средство“, кажа Рама.

Зборувајќи за притисокот врз Србија да ѝ воведе санкции на Русија, кажа дека Србија не треба да се притиска околу тоа. „Србија тоа не може да го направи ни политички ни технички. Србија е готова без рускиот гас. Таа не е Германија која може да чека и секоја втора недела канцеларот да отвора нова платформа за течен нафтен гас, преку кој ќе набавува многу поскап гас од Катар и други земји“, кажа албанскиот премиер.

Според него, интерес на Западот и Албанците е Србија да застане на страната на ЕУ и САД, а не да се изолира. „Што е нашиот интерес? Србија да биде изолирана, да се претвори во деструктивна сила или Србија да се интегрира со сите тешкотии, со сите пречки, со сите тие свои борби? Велам дека ова второто е поважно. Она што е најважно е иднината за децата на овие простори, да им ја пренесеме страста да не се борат едни против други“, порача Рама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ