сабота, 27 јули 2024

Рама во Приштина, одбил да се сретне со Курти

Премиерот на Албанија Еди Рама, кој денес престојува во Приштина, одбил да се сретне со косовскиот премиер Аљбин Курти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова било кажано од кабинетот на Курти за порталот Репортери со коментар дека врз основа на дневниот ред се чини дека Рама се сретнува со оние за кои смета дека е потребно да ги усогласи односите.

Се наведува дека косовските власти го поканиле Рама на 12 јуни да присуствува на настан, но им било кажано дека тој не може да присуствува.

„Врз основа на досегашниот дневен ред, се чини дека во Приштина премиерот на Албанија Рама се сретнува со оние со кои смета дека треба да ги усогласи своите односи. Од друга страна, премиерот Курти го поканил Рама на активностите по повод одбележувањето на 25-годишнината од „ослободувањето на Косово“ на 12 јуни, а кабинетот на Рама нè извести дека нема да може да присуствува“, кажа портпаролот на владата Перпарим Крејзиу.

Рама денес во Приштина се сретнал со претседателката на Косово Вјоса Османи.

Ова не е првпат Рама и Курти да не се сретнат – претходно се случуваше Курти да не го сака тоа или Рама да го игнорира на собири, а последен пат тоа се случи на самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Котор, каде Рама во еден момент одби да стане да се ракува со косовскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ