Рама за време на говорот на Конференцијата на амбасадорите во Тирана најави и дека Албанија следната година ќе пречека 44 лидери на европските земји.
„Албанија следната година ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, од Британија до Украина или од Шведска до Норвешка и Турција. Колку што ни е како мала земја важно да бидеме претставени и да бидеме почитувани, тоа ни дава прилика да бидеме домаќини на самитот на НАТО во 2017“, кажа Рама.
Како што пренесува Коха, амбасадорската конференција почна денес во Тирана и ќе трае до 28 август. На собирот се поканети амбасадорите, шефовите на конзулатите, но и албански и странски фунционери.