сабота, 21 декември 2024
Албанскиот премиер со силна осуда кон Софија

Рама: Најантиевропска работа е бугарската блокада врз Македонија и Албанија

Да го искористиш местото во ЕУ како лост против соседите е најантиевропската работа што може да се замисли, изјави албанскиот премиер Еди Рама на Минхенската безбедносна конференција за  блокадата на евроинтеграцискиот процес од страна на Бугарија врз Македонија, поради што во блокада се најде и Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

„Пристапувањето на Албанија во ЕУ е блокирано поради несогласувањата меѓу Македонија и Бугарија. Да го искористиш местото во ЕУ како лост против соседите е најантиевропската работа што може да се замисли“, рече Рама.

Тој изрази надеж дека Албанија е веќе одвоена од Македонија бидејќи, како што нагласи, последниот пат на Албанија и Македонија како на двоец во евроинтеграцијата, не им беше дозволено да го направат следниот чекор.

„Тоа се случи поради ситуација која не е поврзана со Албанија, туку со Бугарија. Откако ги одржавме меѓувладините конференции и го завршивме скрининг процесот со ЕУ, мислам дека веќе не сме двојка“, рече албанскиот премиер.

Тој ги спореди евроинтеграциите на двете земји со претекувањето кога се зоврива во ѓезвето турско кафе.

„Ситуацијата во Северна Македонија е првенствено резултат на политиката на Европската Унија, која не може да стави крај на практиката на киднапирање земји. ЕУ им дозволува на своите членки да го користат своето место во блокот како лост против своите соседи. Тоа е најантиевропското нешто што човек може да си го замисли“, рече албанскиот премиер.

Рама додаде дека со оглед на таа ситуација, двете земји треба да преговараат со ЕУ одделно, а не како пакет.

На дискусијата учествуваа и македонскиот претседател Стево Пендаровски, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и американскиот сенатор Џејн Шахин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ