Рама утринава го напушти универзитетскиот болнички центар Мајка Тереза во Тирана, откако во неделата му беше оперирано слепото црево, пренесуваат албанските медиуми.
На премиерот на Албанија му бил дијагностициран акутен апендицитис, запаление на слепото црево. Операцијата, според лекарите, била успешна, а здравствената состојба на Рама е добра.