Тој пред околу 2.000 поддржувачи во хотел во Солун вети дека бројни албански иселеници за првпат ќе можат да гласаат на следните избори кои ќе бидат одржани на пролет 2025 година. И покрај разните спорови со Грција, Рама кажа дека односите на двете земји се одлични.
Постоеја стравувања од контрапротести на грчките националисти, во градот во кој партиите од крајната десница се особено силни. На крајот околу 25 луѓе се појавиле пред местото на собирот, со транспаренти со пораки до Рама да замине од Грција.